| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски во посета на Куманово и Старо Нагоричане

Премиерот Никола Груевски денес ќе оствари посета на општините Куманово и Старо Нагоричане.

gruevski-gragani1-500

Како што информираат од Владата, Груевски посетата ќе ја започне со средба со жителите од кумановското село Романовце.

Посетата ќе ја продолжи со увид во градежните активности за реконструкција на основното училиште „Толи Зурдумис“ во Куманово, по што ќе го посети и објектот на реконструираното основно училиште „Браќа Миладиновци“.

Според најавите, премиерот ќе оствари средби со жителите на кумановската населба Гоце Делчев, како и со жителите од селата Младо и Старот Нагоричане.

По овие средби, ќе изврши увид во  градежните активности за изградба на локалниот пат село Никуљане – село Челопек, а планирани се средби со жителите на Никуљане. Премиерот Груевски посетата ќе ја заврши остварувајќи средба со жителите на селото Пчиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top