| четврток, 6 декември 2018 |

За само еден ден во Австрија пристигнале околу 3.000 мигранти

Според проценките на австриската полиција утрово на граничниот премин Никелсдорф пристигнале меѓу 2.500 и 3.000 бегалци, кои унгарските власти ги префрлиле со автобуси откако се обиделе пеш од Будимпешта да пристигнат до Австрија.

migranti-500

Директорот на полицијата во покраината Бургенланд, Ханс Петер Доскоцил изјави дека салата „Нова Рок“ во Никелсдорф, каде се пренасочени мигрантите, е преполна со околу 500 луѓе, а други 500 се префрлени во Парндорф.

Воз со околу 400 лица утрово тргна кон Виена, а други возови се очекува да тргнат во текот на денот.

– Се наоѓам на граничниот премин со Унгарија и гледам како бегалскиот бран не застанува, истакна Доскоцил.

Тој нагласи дека се очекува пристигнување на 17-18 двојни автобуски, кои ќе се користат за пренесување на бегалците до Виена, а можеби и во правец на Германија. Според него,  мигрантите се мирни, но се создава метеж при доаѓањето на автобусите и влегувањето во воз.

– Ситуацијата е повремено хаотична бидејќи не постои подготвеност за соработка од унгарската полиција, додаде Доскоцил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top