На преминот Богородица на границата со Грција за излез од Македонија има задржување на возилата од 30 минути, додека на премин Дојран околу 15 минути. Подолги задржувања има на грчиот дел, за влез во Грција, соопшти АМСМ.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот се одвива по суви коловози, се вели во соопштението на АМСМ.
Од друга страна пак граѓани кои тргнале на викенд во Грција велат дека чекаат со часови за влез во Грција.
– Чекаме веќе два часа, влегуваат по една две коли и толку. Како што стојат работите може да се случи да окапеме на преминов цел ден – велат револтирани граѓани кои решиле за празникот да заминат за Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



