| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнале тројца малолетници од Скопје за 48 часа

Полицијата извести дека за 24 часа примила две известувања дека исчезнале тројца малолетници од Скопје.

mvr
Првата пријава е од социјален работник од Јавната установа за згрижување деца. Социјалниот работник пријавил дека од установата во непознат правец се оддалечиле двајца штитеници на возраст од девет и 11 години.

Вчера пак 69-годишната З.К. пријавила дека пред два дена од семејниот дом во непознат правец се оддалечил нејзиниот 17-годишен внук, кој два дена не се вратил дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top