МВР информира дека од вчера до утрово 8 часот се издадени потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на 1.462 странски државјани. Од нив 889 се од машки пол, 224 се од женски, 271 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 78 деца кои патуваат без родител.
Од 19 јуни вкупно се издадени потврди на 60.421 странски државјани, а најбројни се оние што доаѓаат од Сирија – 49.182. Потоа, државјани што доаѓаа од Авганистан -3.411, од Ирак – 2 751, Пакистан – 1.741 Палестина – 730, од Сомалија-571, Бангладеш -428, Конго – 323, Нигерија – 203, Камерун – 160 Еритреја – 142, Етиопија – 109, додека останатите се во помал број.
МВР исто така информира дека во последново деноноќие не се поднесени барања за признавање право на азил, а врз основа на претходно издадена потврда. Досега до Одделението за азил од 19 јуни, па до сега се пристигнати вкупно 49 вакви барања, од кои 36 се од државјани на Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Судот ја блокираше мерката на Трамп за забрана на барање за азил
-
Кабинет на Орбан: Не можеме да коментираме барања за азил
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил


