Помошник генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права, Иван Шимоновиќ предупреди дека кризата со мигранти не може да се реши доколку се затвори вратата пред нив.
– Ако се затвори вратат пред мигрантите, тие очајни луѓе ќе влезат преку прозорец, истакна Шимоновиќ во врска со бегалската криза во Европа.
Тој нагласи дека земјите од ЕУ беа многупати предупредувани да ја очекуваат оваа бегалска криза.
– Смртта на сириското момче, кое се удави покрај брегот на Турција по превртувањето на чамецот со илегални мигранти, ги натера луѓето да ја увидат човечката димензија на кризата – додаде Шимоновиќ.
Помошникот генералниот секретар на ОН за човекови права истакна дека голем број од бегалците, кои ги напуштаат своите домови, бегаат од војни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст