| четврток, 6 декември 2018 |

Припадниците на ИСИЛ со американски пушки М16

Можноста американското оружје кое е испратено на ирачките сили кои војуваат против ИСИЛ да заврши во нивните раце е нешто на кое што предупредуваа експертите за безбедност.

vijest-18461_2816_3782

Но, судејќи според најновите информации, изгледа токму тоа се случило.

Новите видео-снимки ги покажуваат припадниците на терористичката група ИСИЛ со М16 пушки од американско произодство.

Како ова оружје завршило во рацете на ИСИЛ? Очигледно е дека станува збор за оружје од складиште кое ИСИЛ го зазел.

Премиерот на Ирак потврди дека владините сили загубиле повеќе складишта со американско оружје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top