| четврток, 6 декември 2018 |

Прва жртва мигрант во Унгарија, полицијата употреби солзавец

Еден маж од Пакистан загина во Унгарија откако паднал на шините кога група од околу 350 мигранти побегнаа од железничката станица во местото Бичке, соопшти унгарската полиција.

migranti-ungarija

Стотици бегалци го пробиле полицискиот кордон на железничката станица во Бичке и почнале да трчаат по пругата кон запад, блокирајќи го движењето на возовите.

Во меѓувреме, полицајци употребиле солзавец при судир со бегалци, кои се обидувале да побегнат од прифатниот центар во близина на градот Роска, во јужниот дел на Унгарија.

Како одговор на солзавецот, бегалците започнале да фрлаат со камења.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top