| четврток, 6 декември 2018 |

Морав да го сликам Ајлан, само така светот можеше да го чуе неговиот тивок вресок

Нилуфер Демир (29) е Турчинката која се нашла на брегот на Бодрум кога морето го исфрлило несреќното момче од Сирија, Ајлан Курди (3). Демир ја направи можеби една од најпотресните фотографии направени досега, која ја обедини светската јавност во страдањето за трагичната судбина на бегалците од Блискиот исток.

C7FE05178CCCEA4B8029AF1B6ECF48BE

Нилуфер Демир

– Брановите го воденеа неговото мало, недолжно лице. Беше во тенка маица и шорц, без појас за спасување. Се скаменив. Малечкиот живот засекогаш е загубен – изјавила Нилуфер Демир за турското издание на „Си-ен-ен“.

Турчинката потоа смогнала сили, го зела фотоапаратот и почнала да фотографира.

дете-вода

– Морав. Морав да ја фотографирам таа тажна сцена за целиот свет да го види страдањето на тие луѓе. Единствено на тој начин можев да го претставам тивкиот вресок на малиот Ајлан. Тој вресок сега одекнува во светот – рекла Демир.

Таа навела дека телото на мајката од Ајлан, Рехан, спасителите го пронашле 200 километри подалеку од местото каде што морето го исфрлило телото на момчето.

Покрај Ајлан и неговата мајка, загинал и братот на момчето, Галип (5). Таткото Абдула останал сам.

01-bodrum-udaveno-detence-016666

Нилуфер Демир признала дека не очекувала нејзината фотографија да предизвика толкаво внимание во јавноста.

– Недолжни луѓе гинат секојдневно, а никој не обрнува внимание. Ја фотографирам трагедијата на бегалците веќе со месеци. Кога го видов телото на Ајлан, се скршив. Веројатно и остатокот од светот се почувствувал исто кога ја видел мојата фотографија – вели Демир.

Само оваа година, повеќе од 2.500 бегалци од Сирија и Ирак се удавија во водите на Медитеранот, обидувајќи се да стигнат во Европа. Меѓу нив има голем број на деца… Како Ајлан и Галип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top