| четврток, 6 декември 2018 |

После 21 ден во брак, Џенифер Анистон се плаши дека Џастин ќе ја остави

jusjen_thumb1-450x310
Медиумите се распишаа дека бракот на глумицата Џенифер Анистон и Џастин Тероу е во криза после само 21 ден!
Како што се наведува, пријател на брачната двојка раскажал дека некогашната сопруга на Бред Пит и една од ѕвездите на серијата „Пријатели“ верувала дека венчавката ќе го смени Џастин и дека заедничкиот живот конечно ќе му стане приоритет.
Во текот на долгогодишната врска мака мачела со „несериозноста“ на своето убаво момче и изгледа дека работите сега не се смениле.

Сега, наводно, на Џенифер и пукнал филмот, а се зборува дека Цастин после само 21 ден во брак побарал развод. Наводно, Џен им се пожалила на најблиските пријатели дека мисли дека ја направила најголемата грешка во животот и дека се плаши дека маж и ќе ја остави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top