За среќа, алергијата на сперма кај жените е многу ретка појава и обично се сретнува кај младите жени кои што допрва се запознаваат со сексот. Алергиската реакција најчесто се манифестира со болни локални иритации, болки во абдоменот, отекување на гениталиите кај жената, неподнослив сврбеж и сл. Обично овие симптоми се појавуваат во рок од пет до десет минути по почетокот на сексот, дури кога жената се сретнува со предсемената течност. Во екстремни случаи, може да се појават и херпеси, цисти или анафилактички шок во текот на самиот секусален чин. Иако е тоа раритет, сепак некои жени уште во текот на сексот може да почувствуваат пад на крвниот притисок, асматичен напад, да ја загубат свеста или во крајни екстремности да се појави тн. квинкеров едем – вид алергиска реакција која може да резултира со смрт.
Оваа состојба и оневозможува на жената да ужива во сексуалниот чин што долгорочно се претвора во проблем на двајцата партнери.
Во првата фаза жртвата на алергијата произведува посебни антитела – имуноглобулини кои кога ќе го пронајдат алергенот предизвикуваат мастоцити и создаваат хемикалии кои предизвикуваат несакани последици.
Освем апстиненцијата, најефикасен начин за превенција е употребата на кондоми. Бременоста кај жените алергични на сперма е за среќа возможна. Зачнувањето е возможно со помош на вештачко оплодување или десензибилизација.
Извор: мама 365
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст