Болките во грбот и нозете обично се појавуваат од премногу долгото седење или од тешки физички работи. За да се справите со овие болки во грбот и нозете, бабите порачуваат да се обратите кон сушеното овошје.
Овој народен лесен рецепт ветува позитивни резултати по само неколку дена конзумирање, па зошто да не се обидете? За помалку од два месеци може да се очекува и целосно излекување, ако болките се предизвикани од прекумерно седење.
Рецептот е едноставен. Секоја вечер пред спиење, во рок од еден до два месеца треба да јадете 1 сува смоква, 1 сува кајсија и 5 суви сливи. Овие плодови содржат супстанции кои доведуваат до обновување на ткивото, и го заздравуваат како и зајакнуваат.
Секој плод одделно содржи некои елементи и супстанции, а нивната комбинација дава добри резултати.
Научниците од Универзитетот во Флорида го истражуваат позитивното влијание на сушените сливи на остеопорозата.
„Во мојата кариера сум тестирал повеќе овошје, вклучувајќи смокви, урми, јагоди и суво грозје, и ниту една од нив не доведе до толку добар ефект врз коскената густина, како сувите сливи. Сите овошја и зеленчук имаат позитивен ефект во однос на исхраната, но од гледна точка за здравјето на коските, овој плод е извонреден“, велат научниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст