| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ослабнете без диета?

dieta-de-proteinas
Станете свесни за своите навики
Во светските центри за здравје се повеќе сè укажува на свесноста како алатка за справување со прекумерната тежина. Развивање на свесноста во врска со навиките за исхрана се покажало како ефективен начин за укажување на потенцијалните негативни навики кои водат до прекумерна тежина, и претворање на истите во позитивни и здрави навики.

 

Во еден осврт објавен во International Association for the Study of Obesity се укажува на тоа дека стратегиите за намалување на телесната тежина кои најпрво детектираат поради што се јавила ваквата состојба, а потоа ги решаваат проблемите како емотивното јадење и нагонското прејадување, покажуваат подобри резултати од другите програми за слабеење.

Ова подразбира анализирање (без притоа да се осудува личноста за која се работи) на навиките на личноста, со што се доаѓа до проблемот, било да е тоа јадење под стрес, или пак несвесна потреба за храна кога ќе почувствува мирис или ќе се види храна, а дури потоа работење на тоа да се намалат килограмите.

Ваквите стратегии работат на тоа личноста да умее да направи разлика помеѓу вистинската глад и гладот предизвикан поради негативните емоции како стрес, лутина и депресија.

Научниците анализирале 22 истражувања во кои испитаниците биле замолени да јадат или побрзо или побавно, при што било утврдено дека оние лица на кои им требало повеќе време за да го изедат оброкот јаделе помалку од оние кои го изеле оброкот на брзина. Лицата кои подолго го јаделе својот оброк, воедно изјавиле дека не почувствувале глад во наредните 3.5 часа.

Научниците признаваат дека испитаниците знаеле дека учествуваат во студија која го истражува влијанието на брзината на јадење, па според тоа резултатите можат да имаат субјективно влијание. Сепак, истражувањата упатуваат на тоа дека процесите кои се одвиваат во нашето тело се разликуваат во зависност од брзината со која ја јадеме храната.

Оцет?

Едно истражување објавено во International Journal of Obesity открило дека додавањето на оцет во милкшејкот придонело до тоа испитаниците да не чувствуваат глад повеќе поради непријатниот вкус. Сепак, истражувачите не гледаат како непријатниот вкус може да биде ефективен начин за контролирање на нагонот за јадење. Други истражувања покажале дека доколку некому му се забранат или биде натеран да се откаже од нештата кои ги сака, не придонесува ни малку до тоа таа личност да престане да ги посакува истите тие нешта.

Што би значело дека откажувањето од вашите омилени јадења, не и прави услуга на вашата психолошка потреба за јадење на истите. Всушност, можеби ќе направите состојбата да биде уште полоша надокнадувајќи ја таа потреба со прекумерно јадење на нешто друго, во потрагата по задоволување на вкусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top