Државниот секретар Џон Кери во името на претседателот Барак Обама и граѓаните на САД, го честиташе 8-ми септември, Денот на македонската независност.
„САД се горди што се пријател и партнер на Македонија и остануваме определени да и` помогнеме на оваа земја да продолжи по патот за евро-атланска интеграција. Сето тоа, преку зајакнување на владеење на правото, промоција на слободата на медиумите и градење на цврста демократска основа за постоење на сеопфатно, мултиетничко општество. Додека и САД, и Македонија соработуваат во справување со предизвиците на овој век, македонскиот народ има можност да дејствува во напорите за зајакнување на институциите и преземање на неопходните мерки“, стои натаму во честитката. „САД го поддржаа развојот и транзицијата на Македонија изминативе 24 години и го прославуваме сето она што македонскиот народ го има постигнато од независноста, наваму. Ветуваме дека ќе ја продолжиме меѓусебната соработка кон демократска, безбедна и просперитетна иднина“.
„Честитки и најдобри желби за натамошен напредок, просперитет и мир во годината што следи“, се вели во соопштението на Стејт департментот по повод Денот на македонската независнот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.