
Повторно имаме можност да ја видиме Катарина Ивановска во каталогот на „Некст“. Привлечната Македонка ги претстави новите модни додатоци на англискиот бренд за сезоната пролет/лето 2013.

Големи секојдневни чанти, сламени шапки, очила за сонце во модерни форми, мали елегантни чанти, додатоци за коса и впечатливи марами се вклучени во колекцијата за сончевата сезона.

Дваесет и четиригодишната манекенка веќе неколку години соработува со „Некст“.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


