| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски за „Би-Би-Си“: Без заеднички европски одговор мигрантската криза нема да се реши

Дефинитивно е потребен европски одговор на мигрантската криза бидејќи она што се случува досега е само национален одговор на оваа криза од одредени земји кои се на мигрантската рута, со префрлање на одговорноста од една на друга и се додека нема заеднички одговор ова прашање нема да се реши. Ова е ставот кој шефот на македонкста дипломатиија, Никола Попоски, го изнесе во интервју за „Хард ток“ на Би-Би-Си.

Nikola-Poposki-int145-3

– Основното решение мора да ги вклучи одредени квотите за сите земји-членки, од една страна, а од друга страна, акција поблиску до изворот на проблемот. Без стабилизирање на Сирија и Ирак ништо од ова нема да запре. И тоа им е јасно на сите партнери инволвирани во ова – изјави Попоски.

Притоа тој на прашањето дали Македонија е подготвена да прифати бегалци, одговори дека земјата е подготвена за тоа и оти таа нивото на солидарност за нудење помош го има покажано во својата блиска историја, пред се со прием на речиси 500.000 бегалци од кризата во Југославија. Попоски притоа во интервјуто за Би-Би-Си вели дека земјите од ЕУ, како и Македонија не можат да се соочат со зголемување на бројот на мигранти, бидејќи тие, вели Попоски, едноставно немаат капацитет да го направат тоа и оти тоа може да стимулира нови поделби и проблеми, и на внатрешен план, но и регионално.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top