Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на денешната седница која беше прва за опозиционерите од СДСМ во нивниот мандат после 15 месеци бојкот на работата на собранието, ги повика на соочување на избори организирани по класичен мнозински систем каков што има во Велика Британија.
Димовски им подаде рака на избраниците од опозицијата да го погледнат народот во лице и на мнозински листи да му дадат шанса на најдобриот, оној што собрал реално најголем број гласови, да го претставува електоратот во Собранието на Република Македонија.
– Јавно упатувам апел пратениците на СДСМ спротивно на одлуката на нивната партија да не бидат послушници на партиските одлуки, да прифатат понуда од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да изгласаме промена на изборниот модел во мнозински систем и сите директно во своите градови во своите населени места во своите општини директно да се соочиме како можност за да одмериме кои пратеници биле избрани со гласови а кои пратеници биле избрани без гласови – рече Димовски.
Димовски истакна дека токму преку ваквиот изборен модел може да се добие најреалната слика за желбата на народот по поедини општини, особено од помалите градови на Македонија.
– Па тогаш ќе видиме колку пратеници ќе има СДСМ од Прилеп, а сега ги има дури 2 во првиот ред. Ќе видиме колку пратеници ќе има од Битола, од Велес, од Охрид, од Штип, од Пробиштип, од Каменица, Крива Паланка, Куманово – рече Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



