– Косовскиот државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин Јажинце и вчера околу 15 часот бил донесен во СВР Тетово односно Полициската станица Тетово. Денеска предпладне беше изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово кој му определил мерка притвор од 30 дена и која веќе ја издржува во КПУ „Тетово“ изјави Јосифовски.
Во вториот случај триесет дена притвор судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово попладнево му определил и на Н.З.(51) од тетовското село Одри кај кого вчера беше извршен претрес во домот и помошни простории и беше пронајдено оружје и муниција односно пушкомитралез ДЕ 806 калибар 7,62 милиметри, ловечки карабин “Стејер“, исто така калибар 7, 62 милиметри за кој поседувал дозвола, 406 куршуми калибар 7,62 милиметри ставени во реденик, најлонско ќесе и метална кутија како и 150 куршуми калибар 12,7 милиметри што се наоѓале во две затворени метални кутии.
– Вчеравечер околу 22 часот и 30 минути тој беше лишен од слобода и во консултација со јавен обвинител беше задржан во СВР Тетово по што против него изготвена е кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи ( член 396 од Кривичниот законик на Република Македонија ). И тој денеска предаден е во КПУ „Тетово“ рече Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.