| четврток, 6 декември 2018 |

Тур-операторот „Томас Кук“ почнува со работа во Македонија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски денеска на прес-конференција ќе го претстават тур-операторот „Томас Кук“, кој почнува со работа во Македонија.

На конференцијата ќе биде присутен и Феликс Хортолами, менаџер за склучување договори на компанијата „Томас Кук“ за Белгија.

„Томас Кук“ е најголемиот и најстар тур-оператор во светот, со седиште во Англија. На 5 август годинава претставници на компанијата ја посетија Македонија. Претходно, директорот на Агенцијата Џамбазовски имаше средба со директорот на „Tомас Кук“ Тим Џотс, во седиштето во Англија, на која присуствуваа и менаџерите за Германија и за Белгија, Феликс Хортолами и Стефан Џоли. Џамбазовски тогаш им ги презентира условите што ги нуди Владата за субвенционирање на туризмот, како и инвестирањето во маркетинг, кој е исплатлив за Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top