| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени 400 килограми ураниум во центарот на Загреб

Речиси 400 килограми ураниум, кој не е заведен во официјалната задолжителна евиденција на нуклеарен материјал е пронајден во центарот на Загреб.

uranium

Истиот се чувал без посебни безбедносни мерки за заштита од зрачење и кражба во самиот центар на Загреб, во складиште за нуклеарен отпад на Институтот „Руѓер Бошковиќ“.

Како што пишува „Вечерњи лист“, за тој нуклеарен материјал до пред неколку недели воопшто не се знаело, а бил откриен при санација на тој простор.

Веста за пронаоѓање на нуклеарен материјал, потенцијално е многу опасно за здравјето на луѓето и околината, а може и да се злоупотреби за криминални цели.

Материјалот не бил евидентиран на ниедно место, не постои службена информација кога и од каде е донесен и за што се користи.

Државниот завод за радиолошка и нуклеарна безбедност за ураниум ја информирал владата, а во истрагата од каде и кога завршил материјалот во Институтот се вклучиле и тајните служби, наведува загрепскиот дневен весник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top