| четврток, 6 декември 2018 |

Главна ѕвезда на Саемот во Франкфурт

Во пресрет на есенскиот Саем за автомобили во Франкфурт, многу производители на автомобили се подготвуваат за презентација на своите нови модели

maxresdefault
Мерцедес официјално го престави новиот „АМГ Ц63 ку­пе“, своето милениче, кое тре­ба да би­де глав­на ѕвез­да на прет­стој­ни­от са­ем, кој ќе се одр­жи од 17 до 27 сеп­тем­ври.

Авто­мо­би­лот, зад кој стои мер­це­де­со­ви­от од­дел за тју­ни­ра­ни во­зи­ла, АМГ, е пред­ви­де­но да се по­ја­ви во про­даж­ни­те са­ло­ни во Евро­па во март, 2016 го­ди­на. Во од­нос на пос­ла­ба­та вер­зи­ја на ку­пе, од­над­вор е пре­поз­нат­лив по но­ви­те бра­ни­ци, по по­себ­ни­те на­со­чу­ва­чи на воз­ду­хот и ма­ска­та АМГ на ла­дил­ни­кот на мо­то­рот. На зад­ни­от дел е вгра­ден спој­лер на пок­ло­пе­цот на ба­гаж­ни­кот, ка­ко и ди­фу­зер, за­ед­но со че­ти­ри из­дув­ни за­вр­ше­то­ци.

Ова ку­пе има ви­со­ки из­вед­би и е опре­ме­но со спорт­ски се­ди­шта и во­лан со ра­мен до­лен дел, а вгра­де­ни се и по­ве­ќе оз­на­ки АМГ кои тре­ба по­сто­ја­но да по­тсе­ту­ва­ат де­ка ова не е стан­дар­ден мо­дел на „Мер­це­дес-Бенц“.

„АМГ Ц63 ку­пе“ го прид­ви­жу­ва че­ти­ри­ли­тар­ски мо­тор со двој­на тур­би­на и осум ци­лин­дри, кој раз­ви­ва 476 коњ­ски си­ли и 650 њутн-ме­три нај­го­лем вр­те­жен мо­мент. Пре­но­сот на си­ла­та се вр­ши пре­ку се­дум­сте­пен ме­ну­вач АМГ „спид­шифт МЦТ“, со кој авто­мо­би­лот за че­ти­ри се­кун­ди за­бр­зу­ва од 0 до 100 ки­ло­ме­три на час.

Ма­кси­мал­на­та бр­зи­на еле­ктрон­ски е огра­ни­че­на на 250 ки­ло­ме­три на час, но на ку­пу­ва­чи­те ќе им би­де по­ну­де­на опре­ма АМГ драјв, со ко­ја ќе се до­бие не­о­гра­ни­че­на вер­зи­ја ко­ја раз­ви­ва 290 ки­ло­ме­три на час.

За ку­пу­ва­чи­те кои се жел­ни за по­го­лем адре­на­лин, „Мер­це­дес“ под­го­тви и по­сил­на вер­зи­ја на овој мо­дел кој се крие под оз­на­ка­та „АМГ Ц63 С ку­пе“. Во тој слу­чај, исти­от мо­тор раз­ви­ва 510 коњ­ски си­ли и 700 њутн-ме­три вр­те­жен мо­мент. По­да­то­ци­те за ма­кси­мал­ни­те бр­зи­ни оста­ну­ва­ат исти, но за­бр­зу­ва­ње­то од 0 до 100 ки­ло­ме­три на час е по­до­бре­но за 0,1 се­кун­да.
Mercedes-C63-AMG-Coupe

Во сог­лас­ност со мож­но­сти­те на мо­то­рот, мер­це­де­сот „АМГ Ц63 ку­пе“ е опре­мен со спорт­ска прис­по­соб­ли­ва сус­пен­зи­ја и про­ши­ре­ни тра­ги на тр­ка­ла­та, а вид­ли­ва е не­га­тив­на ко­си­на. Авто­мо­би­лот, исто та­ка, има и огра­ни­че­на бло­ка­да на зад­ни­от ди­фе­рен­ци­јал, а има и по­себ­ни др­жа­чи за да до­бие мо­то­рот по­го­ле­ма ела­стич­ност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top