„Во автобус со нашиот градоначалник“ е проект, кој градоначалникот на општина Илинден, го спроведува со цел поголема транспарентност и остварување на директна комуникација со граѓаните како и запознавање со состојбата во јавниот превоз.
Во рамките на проектот градоначалникот Жика Стојановски, во автобусите на јавниот превоз и на автобуските постојки, оствари средби со граѓаните, на кои имаше можност непосредно да ги слушне нивните мислења за квалитетот на јавниот превоз, но и за вкупните состојби во општината.
Проектот „Во автобус со нашиот градоначалник“ и директните средби на градоначалникот, се имплементираат со цел преку непосреден директен контакт, граѓаните да можат да ги искажат своите мислења, забелешки, сугестии и предлози за функционирањето на локалната самоуправа.
Ова е еден од 10 начини кои Општина Илинден ги применува за поголема транспаретност, комуникација и интерактивност со своите граѓани.
Покрај овој проект граѓаните се информираат и преку: Општинскиот информатор – печатено и електронско издание, Информации од печатените и електронските медиуми, Отворена директна телефонска линија, е-општина „Пријави проблем“, Редовно ажурирана со информации веб страница на Општината (Фејсбук, Твитер и Јутјуб профилите), Информативни огласни табли во населените места, Интерактивни работни средби со месните заедници, Отворен ден за средби со граѓаните (вторник и петок), Организирање на јавни презентации, трибини и собири со граѓаните, флаери, прирачници, плакати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.