Францускиот институт во Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје организираат од 9 до 11 септември Книжевен саем за млади, насловен „Патување на француската книга“.
Во рамките манифестацијата ќе гостува францускиот театар „Ларденоа“ во Македонија со „Камион со приказни“, кој настапува во Македонија како дел од регионална турнеја.
В среда, на 9 септември во 12 часот во ОУ „Димитар Миладинов“ на театарската престава „Волчо Страшниот“, во изведба на театарот„ Ларденоа“ и „Камионот на приказни“, в четврток е свеченото отворање на целодневниот Книжевен саем за млади „Патување на француската книга“од страна на д-р Иван Заров, Директор на Националната и универзитетска библитека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, и Изабел Марки-Барбо, Директорка на Францускиот институт во Скопје, а во присуство на Лоранс Оер, Амбасадор на Франција во Македонија.
Во текот на денот се предвидени забавни и педагошки активности наменети за деца и млади до 12 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



