| четврток, 6 декември 2018 |

Две фоки пристигнаа во скопската Зоолошка градина (фото)

10415617_10207382740707365_2119140816702871365_n

фото: фејсбук

 

Скопската Зоолошка градина доби нови жители – двојка морски лавови, кои пристигнаa од Загреб. За нив има посебно живеалиште, кое се протега на околу 200 квадрати, со базен од 350 кубни метри околу кој има патека за посетителите.

Тоа што е особено интересно, велат од Зоолошката, е тоа што има партер од каде што животните ќе можат да се гледаат кога пливаат и под вода.

– Посетителите ќе можат да ги гледаат од повеќе страни и нивоа, а најинтересно е што еден дел од живеалиштето е застаклен и од тука ќе може да се набљудуваат како пливаат. Новото живеалиште е на истото место каде пред 10-12 години живееле морски лавови. Извршена е реконструкција на постојното, но се додадени и нови содржини, сето тоа според пропишаните стандарди – изјави неодамна Јорданчо Милошевски, биолог во Зоолошката градина.

Тој појаснува дека станува збор за морски лавови, кои се со црна боја и кои кај народот, поради цртаните филмови, се познати како фоки иако фоките по природа имаат сива боја.

За новите жители ќе се грижат двајца зоо-негуватели, кои пред неколку месеци беа на обука во Загреб .
Морските лавови се многу интересни животни, многу се подвижни при пливањето и нуркањето. Можат лесно да се дресираат и да научат разни вештини. Живеат на јужниот брег во Северна Америка. Се хранат исклучиво со риба и со морски плодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top