| четврток, 6 декември 2018 |

Баксуз арамии: Краделе комби – не им запалило, дигнале фрижидер – на врата дошол газдата

baksuz aramii

Двајца арамии без среќа биле уапсени деновиве од полицијата. Арамиите на возраст од дваесетина години се обиделе да украдат комби, кое не усепале да го запалат, па се обиделе да однесат фрижидер од зграда, но во момент кога во подрумот на зградата отишол сопственикот.

Конкретно во соопштението на МВР се вели дека од СВР Скопје поднеле кривична пријава за Е.Д.(21) и за О.А.(22), двајцата од Скопје, за кривично дело разбојничка кражба во обид.

На 5 и нс 27 минатиот месец на подрачјето на општините Аеродром и Кисела Вода, пријавените со употреба на физичка сила ја отвориле влезната врата од подрумските простории на станбена заграда, при што се обиделе да одземат фрижидер, но биле затекнати од сопственикот, додека во вториот случај се обиделе да одземат патничко возило „форд транзит“, но од технички причини возилото не можеле да го стартуваат, при што повторно биле забележани од страна на сопственикот и спречени во намерата.

Истражен судија на пријавените им одреди притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top