| четврток, 6 декември 2018 |

Дали девалвацијата на Кина е мировна понуда погрешно разбрана од светот?

Соз­на­ни­ја­та ука­жу­ва­ат де­ка Ки­на се­га ќе го во­ди па­дот во не­кон­тро­ли­ран цик­лус од „кон­ку­рент­ска де­вал­ва­ци­ја“, ка­де што го­ле­ми­те еко­но­мии ќе се бо­рат за удел во из­во­зот, ќе се со­о­чат со деф­ла­ци­ски при­ти­со­ци и ќе по­ста­ву­ва­ат тр­гов­ски преч­ки

Нај­го­ле­ма­та ин­тер­вен­ци­ја на ки­не­ски­от ва­лу­тен па­зар за по­ве­ќе од две де­це­нии ги по­тре­се ме­ѓу­на­род­ни­те фи­нан­си­ски па­за­ри.

Не­на­деј­на­та од­лу­ка на ки­не­ска­та цен­трал­на бан­ка да го на­ма­ли кур­сот на ју­а­нот спре­ма аме­ри­кан­ски­от до­лар ги шо­ки­ра­ше гло­бал­ни­те па­за­ри на ка­пи­тал. Де­вал­ва­ци­ја­та на ју­а­нот за три про­цен­ти во те­кот на 11 и на 12 август бе­ше нај­го­ле­ми­от по­тег од 1994 го­ди­на.

Ин­тер­вен­ци­ја­та се сме­та ка­ко по­че­ток на но­ва рун­да од гло­бал­на­та вој­на на ва­лу­ти.

Со на­ма­лу­ва­ње на еко­ном­ски­от по­раст, раз­ни­ша­на­та бер­за и из­во­зот пред ко­лапс во ју­ли, се чи­ни де­ка де­вал­ва­ци­ја­та бе­ше со­вр­ше­но тем­пи­ра­на за да ѝ за­да­де удар на вто­ра­та по го­ле­ми­на еко­но­ми­ја во све­тот.

Но, дру­ги­от дел од све­тот тоа го гле­да со страв. Соз­на­ни­ја­та ука­жу­ва­ат де­ка Ки­на се­га ќе го во­ди па­дот во не­кон­тро­ли­ран цик­лус од „кон­ку­рент­ска де­вал­ва­ци­ја“, ка­де што го­ле­ми­те еко­но­мии ќе се бо­рат за удел во из­во­зот, ќе се со­о­чат со деф­ла­ци­ски при­ти­со­ци и ќе по­ста­ву­ва­ат тр­гов­ски преч­ки.

svet156-2

Вра­ќа­ње во 1930 го­ди­на?

Иде­ја­та за про­тек­ци­о­ни­стич­ки тр­гов­ски вој­ни е мно­гу важ­на за јав­на­та свест.

На За­пад, Ва­шин­гтон се потс­ме­ва со мо­ти­ви­те на на­ви­дум мер­кан­ти­ли­стич­ки­от Пе­кинг.

Во 2012 го­ди­на, пре­тсе­да­тел­ски­от кан­ди­дат на Ре­пуб­ли­кан­ска­та пар­ти­ја, Мит Ром­ни, ве­ти де­ка штом ќе дој­де на ра­бо­та, ќе ја прог­ла­си Ки­на за ма­ни­пу­ла­тор со ва­лу­ти.

По по­те­гот на ки­не­ска­та цен­трал­на бан­ка, цел хор гла­со­ви во САД скок­наа за прог­ла­су­ва­ње по­че­ток на но­ва рун­да во вој­на­та на ва­лу­ти.

Се­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел­ски­от кан­ди­дат на Ре­пуб­ли­кан­ска­та пар­ти­ја До­налд Трамп наг­ла­си: „Тие нѐ уни­шту­ва­ат. Тие ги де­вал­ви­ра­ат сво­и­те ва­лу­ти сѐ до­де­ка не ја по­стиг­нат вред­но­ста што ја по­са­ку­ва­ат. Дра­стич­но го на­ма­лу­ва­ат ју­а­нот, а тоа ќе би­де ка­та­стро­фал­но за нас“.

Ше­фо­ви­те на ин­ду­стри­и­те ги по­ви­каа сво­и­те вла­ди да ги за­шти­тат од по­те­гот на Пе­кинг и да зе­мат удел во свет­ски­от из­воз. Нај­го­ле­мо­то тр­гов­ско те­ло на Ин­ди­ја стра­ву­ва де­ка не­го­ви­те из­воз­ни­ци ќе ста­нат „ко­ла­те­рал­на ште­та“ во гло­бал­на­та тр­ка кон дно­то.

Но, по­крај гам­би­тот на Ки­на, се чи­ни де­ка де­вал­ва­ци­ја е ед­вај до­стој­на на сво­јот на­зив.

– Де­вал­ва­ци­ја­та на Ки­на е сит­на ри­ба – ве­ли Бен­џа­мин Ко­ен, про­фе­сор по ме­ѓу­на­род­на по­ли­тич­ка еко­но­ми­ја на Уни­вер­зи­те­тот во Ка­ли­фор­ни­ја.

– Јас­но е де­ка пре­те­ра­ни­те нас­ло­ви за на­ма­лу­ва­ње­то на ки­не­ски­от ју­ан беа по­греш­ни. Ако Ки­на, на­ви­сти­на, са­ка­ше да зе­ме по­го­лем дел од свет­ски­от из­воз, те­шко е да се за­мис­ли де­ка неј­зи­ни­те кре­а­то­ри на по­ли­ти­ка­та би се сог­ла­си­ле со та­кво скром­но прис­по­со­бу­ва­ње – ве­ли Ко­ен.

Во тр­гов­ски мер­ки, ки­не­ски­от ју­ан се има за­си­ле­но за 50 про­цен­ти од 2004 го­ди­на. Ед­но сла­бе­е­ње и не го по­го­ду­ва мно­гу. Воз­др­жа­но­ста на Пе­кинг да доз­во­ли на­ма­лу­ва­ње на ју­а­нот вед­наш бе­ше очиг­лед­на. Вла­сти­те беа при­ну­де­ни да ја ку­пат ва­лу­та­та и да го со­прат на­ма­лу­ва­ње­то не­кол­ку ча­са отка­ко пре­ми­на во но­ви­от ре­жим на де­виз­ни­от па­зар.

Во 30-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, пак, раз­ви­е­ни­те свет­ски еко­но­мии беа под­ло­же­ни на про­сеч­ни де­вал­ва­ции од 10 про­цен­ти, на­пу­штај­ќи го ве­ќе не­по­стој­ни­от зла­тен стан­дард.

Мно­гу при­чи­ни се на­бро­ју­ва­ат за ви­стин­ски­те мо­ти­ва­ции на Ки­на. Мно­гу­ми­на ука­жу­ва­ат на тоа де­ка Ки­не­ска­та цен­трал­на бан­ка игра лаж­на игра за по­ле­ка да кон­стру­и­ра по­кон­ку­рен­тен ју­ан.

Но, нај­ве­ро­јат­ни­от мо­тив е и нај­ед­но­ста­вен.

Ки­на одам­на ба­ра офи­ци­ја­лен ста­тус на ре­зерв­на ва­лу­та, кој го до­де­лу­ва Ме­ѓу­на­род­ни­от мо­не­та­рен фонд пре­ку сво­ја­та ва­лут­на кош­нич­ка за спе­ци­јал­ни пра­ва на вле­че­ње. До­ла­рот, фун­та­та, је­нот и евро­то во мо­мен­тов ги со­чи­ну­ва­ат спе­ци­јал­ни­те пра­ва на вле­че­ње.

Ли­бе­ра­ли­за­ци­ја на ки­не­ски­от ју­ан, за да мо­же да се дви­жи кон по­па­зар­на утвр­де­на вред­ност, одам­на е пре­дус­лов за неј­зи­но вклу­чу­ва­ње во кош­нич­ка­та. Со ме­ну­ва­ње­то од кур­сот на ло­кал­на­та ва­лу­та, Пе­кинг ги пре­зе­де пр­ви­те че­ко­ри за да ста­не офи­ци­јал­на гло­бал­на ре­зер­ва.

– Дол­го­роч­но­то раз­мис­лу­ва­ње ѝ до­не­се на Ки­на не­кои кра­тко­роч­ни проб­ле­ми – ве­ли Џо­шуа Ме­ка­лум, шеф на од­де­лот за фи­ксен при­ход во Обе­ди­не­та­та бан­ка на Швај­ца­ри­ја.

– Ова по­ве­ќе ли­чи на по­ну­да за ва­лут­но по­ми­ру­ва­ње откол­ку ва­лут­на вој­на – ве­ли тој.

– Ако Ки­на са­ка­ше да до­бие кон­ку­рент­на пред­ност во од­нос на тоа ка­де се на­о­ѓа се­га, ќе ја оста­ве­ше ва­лу­та­та да флу­кту­и­ра и ќе доз­во­ле­ше да се на­ма­ли за 10 про­цен­ти или по­ве­ќе. Но, ду­ри и ако Ки­на го на­пра­ве­ше тоа, ни­кој еко­но­мист не би го на­ре­кол тоа ва­лут­на вој­на ако па­за­рот ја опре­де­лу­ва це­на­та – до­да­ва тој.

Од­мазд­нич­ки­те на­по­ри од стра­на на со­сед­ни­те еко­но­мии, исто та­ка, тре­ба вни­ма­тел­но да се разг­ле­да­ат, ве­лат ана­ли­ти­ча­ри­те.

Цен­трал­на­та бан­ка на Ви­ет­нам бе­ше ме­ѓу пр­ви­те што ја ос­лаб­на сво­ја­та ва­лу­та, дон­гот, за еден про­цент, и што го про­ши­ри рас­по­нот спре­ма до­ла­рот. Но, ин­тер­вен­ци­ја­та по­ве­ќе оста­ну­ва иск­лу­чок откол­ку пра­ви­ло во Источ­на Ази­ја.

Цен­трал­на­та бан­ка на фи­ли­ја­ла­та Ха­ној се дви­жи кон по­го­ле­ма фле­кси­бил­ност на де­виз­ни­от курс. По­крај чув­стви­тел­но­ста на ви­ет­нам­ски­от из­во­зот во Ки­на, ва­лу­та­та пад­на за мно­гу по­мал­ку во од­нос на ва­лу­ти­те на со­сед­ни­те еко­но­мии.

svet156-4

Не­експ­ло­ди­ра­на на­пра­ва?

Пре­диз­ви­ку­ва­чи­те на ва­лут­на вој­на, исто та­ка, за­бе­ле­жу­ва­ат де­ка пос­ла­би­от де­ви­зен курс се­га е мно­гу по­мал­ку ефе­кти­вен во обез­бе­ду­ва­ње кон­ку­рент­но за­си­лу­ва­ње за из­воз­ни­ци­те откол­ку што бе­ше слу­чај со ме­ѓу­во­е­ни­от пер­и­од.

Ед­на се­оп­фат­на сту­ди­ја за 46 еко­но­мии од стра­на на Свет­ска­та бан­ка по­ка­жа де­ка во екот на фи­нан­си­ска­та кри­за, епи­зо­ди­те на го­ле­ми де­пре­си­ја­ции има­ле ма­ло вли­ја­ние врз из­во­зот.

Пре­но­сот од по­ни­зок де­ви­зен курс и по­е­вти­ни про­из­во­ди ста­на не­ја­сен по­ра­ди крај­но­то про­из­водс­тво, кое се пот­пи­ра на гло­бал­ни снаб­ду­вач­ки син­џи­ри. Би­деј­ќи по­го­ле­ми­от дел од сто­ка­та ве­ќе не се про­из­ве­ду­ва са­мо во ед­на еко­но­ми­ја, вли­ја­ни­е­то на де­вал­ва­ци­и­те се на­ма­ли. Ки­на не е иск­лу­чок би­деј­ќи са­ка да се свр­ти кон по­ви­со­ко крај­но про­из­водс­тво­то, ста­ну­вај­ќи за­вис­на од преп­ла­ву­ва­ње на све­тот со евти­но ки­не­ско про­из­водс­тво.

Не по­стои по­до­бра по­уч­на при­каз­на за не­експ­ло­ди­ра­на­та на­пра­ва на де­пре­си­ја­ци­ја­та на вред­но­ста на ва­лу­та­та од најб­ли­ски­от еко­ном­ски ри­вал на Пе­кинг, Ја­по­ни­ја. Ре­ал­ни­от ефе­кти­вен де­ви­зен курс на је­нот пад­на на нај­ни­ско ни­во во пос­лед­ни­те 40 го­ди­ни по­ра­ди ма­сив­но­то кван­ти­та­тив­но олес­ну­ва­ње што го спро­ве­де пре­ми­е­рот Шин­зо Абе. До де­нес, тоа не ус­пеа да го за­жи­вее бо­гат­ство­то на тре­та­та по го­ле­ми­на еко­но­ми­ја во све­тот.

Вла­сти­те се вни­ма­тел­ни за граб­ли­ви­от гам­бит да се на­ма­ли вред­но­ста на ју­а­нот да не ги оса­ка­ти ки­не­ски­те ком­па­нии, кои се на­то­ва­ре­ни со дол­го­ви де­но­ми­ни­ра­ни во до­ла­ри. Исто та­ка, ќе прив­ле­че го­ле­ми ме­ѓу­на­род­ни кри­ти­ки, по­пре­чу­вај­ќи ги на­по­ри­те на ре­жи­мот да им кон­ку­ри­ра на САД ка­ко гло­бал­на „ме­ка си­ла“.

Се­пак, ду­ри и ако све­тот не вле­зе во же­сто­ка ва­лут­на вој­на, са­мо­за­до­волс­тво не тре­ба да ги од­вра­ти твор­ци­те на по­ли­ти­ка­та од на­у­чу­ва­ње на нај­го­ле­ма­та лек­ци­ја од 30-ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век – по­тре­ба­та од ко­ор­ди­ни­ра­на ак­ци­ја за за­жи­ву­ва­ње на гло­бал­ни­от по­раст.

– Нај­до­бро­то не­што се­га ќе би­де ако кре­а­то­ри­те на по­ли­ти­ка­та се оби­дат да сед­нат за­ед­но на ма­са и да ре­шат што по­на­та­му – Ве­ли Мајкл Еве­ри, шеф за истра­жу­ва­ње на па­за­рот во Ра­бо­банк во Хон­гконг.

– Не­за­вис­но од тоа, се­ко­ја зем­ја во­ди гри­жа за сво­ја­та сла­ба еко­но­ми­ја, но не ус­пе­ва­ат си­те да спро­ве­дат стру­ктур­ни ре­фор­ми – ве­ли тој.

Де­пре­сив­на­та до­маш­на по­ба­ру­вач­ка и ос­лаб­на­та­та свет­ска тр­го­ви­ја се пер­фект­ни ус­ло­ви за да се одр­жу­ва ну­ла­та су­ма на кон­ку­рент­на де­вал­ва­ци­ја. Те­шко де­ка Ки­на ќе го оз­на­чи по­че­то­кот на ва­лут­на­та вој­на.

svet156-3

Да­ли сме во ва­лут­на вој­на?

Ва­лут­на­та вој­на е, исто та­ка, поз­на­та и ка­ко „кон­ку­рент­ска де­вал­ва­ци­ја“. Во се­гаш­на­та ера на флу­кту­и­рач­ки де­ви­зен курс, ка­де што ва­лут­ни­те вред­но­сти се утвр­ду­ва­ат со па­зар­ни­те си­ли, де­пре­си­ја­ци­ја­та на вред­но­ста на ва­лу­та­та, обич­но, се изра­бо­ту­ва од стра­на на цен­трал­на­та бан­ка на на­ци­ја­та пре­ку еко­ном­ска по­ли­ти­ка што мо­же да ја на­ма­ли вред­но­ста на ва­лу­та­та, ка­ко што се на­ма­лу­ва­ње на ка­мат­ни­те стап­ки или „кван­ти­та­тив­но олес­ну­ва­ње“. Тоа во­ве­ду­ва по­го­ле­ма комп­лекс­ност на ва­лут­ни­те вој­ни од пред не­кол­ку де­це­нии, ко­га фикс­ни­от де­ви­зен курс бил по­при­су­тен и ед­на на­ци­ја мо­же­ше да ја де­вал­ви­ра сво­ја­та ва­лу­та со на­ма­лу­ва­ње на де­виз­ни­от курс за кој би­ла вр­за­на ва­лу­та­та.

Ва­лут­на­та вој­на не е тер­мин за кој се збо­ру­ва от­пу­ште­но во све­тот на еко­но­ми­ја­та и на цен­трал­но­то бан­карс­тво и ток­му за­тоа по­ра­неш­ни­от бра­зил­ски ми­ни­стер за фи­нан­сии Гви­до Ман­те­га пре­диз­ви­ка ла­ви­на ре­ак­ции во сеп­тем­ври 2010 го­ди­на, ко­га пре­ду­пре­ди за поч­ну­ва­ње­то ме­ѓу­на­род­на ва­лут­на вој­на. Но, со по­ве­ќе од 20 зем­ји што ги на­ма­ли­ле ка­мат­ни­те стап­ки или спро­ве­ле мер­ки за уб­ла­жу­ва­ње на мо­не­тар­на­та по­ли­ти­ка од ја­ну­а­ри до април 2015 го­ди­на, пра­ша­ње­то од ед­на ми­ли­јар­да до­ла­ри е да­ли ве­ќе сме сре­де ва­лут­на вој­на?

Из­вор: „Те­ле­граф“, „Ин­ве­сто­пе­ди­ја“
Пре­вод: Ана Цве­та­но­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top