Британскиот тенисер Енди Мареј, кој важи за еден од фаворитите за освојување на годинашното ОП на САД синоќа можеше многу лесно да си ги спакува куферите и да си се врати дома откако во натпреварот со Адријан Манарино губеше со 0-2 во сетови. Сепак, тој во продолжението го фати вистинскиот ритам и со целосен пресврт успеа да слави со 3-2 и да се пласира во третото коло.
Манарино првиот сет го доби со 7-5, а и во вториот продолжи со одлична игра, добивајќи го со 6-4. Но, потоа како да се исплаши од евентуалниот голем успех и елиминацијата на Енди Мареј. Британецот ја прифати шансата, го освои третиот сет многу лесно со 6-1, потоа славеше и во четвртиот со 6-3 и потполно се врати во мечот.
Во петтиот сет, исто така, доминираше Енди Мареј, го доби со 6-1 во гемови и ја спречи сензацијата.
Во женска конкуренција елиминација доживеа деветтата светска тенисерка Гарбине Мугуруза, која со 2-1 во сетови (7-6, 6-7, 6-2) загуби од Јоана Конта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


