| четврток, 6 декември 2018 |

Романија нема да прими 7000 емигранти

romanija begalciРоманскиот премиер Виктор Понта ги демантираше информациите во медиумите, според кои Романија ќе прими 7.000 мигранти, пренесе романскиот Медиафакс.

Британскиот дневен весник „Дејли мејл“ вчера објави дека Европската унија веќе донела решение за бројот на бегалците, кои секоја земја членка треба да ги прими, така што за Романија таа бројка е близу 7.000 лица.

Понта, за телевизијата Романија ТВ, синоќа изјави дека владата на Романија не располага со официјален документ, што содржи точни бројки.

Според британскиот весник „Дејли мејл“ Романија треба да прими 6.937 бегалци согласно квотата од 3,7 проценти. Тоа го предвидува планот, усвоен од европските лидери за распоредување на 160 илјади бегалци на континентот, наведува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top