
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа, која утринава во 9.15 часот се случила кај Хиподром на автопатот Петровец-Скопје.
Во несреќата учествувале „ланд ровер“ во тетовски регистарки таблички, товарно возило „ситроен“ со штипски ознаки и автомобил „фијат“ со скопски таблички.
Споре динформациите добиени од МВР, трите повредени лица се итно пренесени во Ургентен центар. Засега нема информации за нивната здравствена состојба и за карактерот на повредите.
Полициски екипи во моментов вршат увид, по што ќе бидат познати причините за несреќата. Сообраќајот се пренасочува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


