Началникот на српската гранична полиција Митар Ѓурашковиќ изјави дека најавеното засилување на унгарските граници не е ништо ново, но дека може да предизвика промена на маршрутата на бегалците кон Запад.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски му порачал на српскиот колега Александар Вучиќ дека земјата подготвува закони со кои од 15 септември на границите на Унгарија ќе стојат и војска и полиција.
Ѓурашковиќ посочи дека Србија формирала тело за решавање на проблемите со емиграцијата, но дека е потребно да се најде заедничко решение на европско ниво, во што ќе учествува и Србија.
Од почетокот на годината српската полиција поднела 587 кривични пријави за недозволено минување на границите и за шверцување луѓе, кои се однесуваат на повеќе од 800 лица осомничени за кривичните дела со кои биле опфатени над 5 илјади емигранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер


