| четврток, 6 декември 2018 |

За три дена промовирани инвестиции вредни над 4.2 милиони евра во изградба на училишта

132786061

Со изградбата на овие училишни простори се обезбедува нова корисна површина за вкупно 3500 ученици и се однесуваат на  Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и друго.

Вчера Груевски го посети училиштето во Ѓорче Петров „Димитар Поп Горгиев Беровски“ каде се  гради нов објект на училиштето кое ќе функционира како подрачно. За објектот се инвестира 27.5 милиони денари, каде освен доградбата ќе се реконстуира и постоечкиот објект.  Во Сарај, пак, се гради комплетно ново средно училиште со 32 милиони денари за 700 ученици, а треба да биде готово до крајот на оваа година.

18

Претходно македонскиот премиер Груевски удри камен темелник на новото основно училиште „Невена Горгиева Дуња“ каде по изградбата жителите на Кисела Вода наместо старите  дотраени монтажни бараки од 64-та година ќе ги праќаат децата во комплетно нов објект за што се инвестираат 75 милиони денари и ќе биде со капацитет за 600 ученици.

132786069

Бутел доби ново двокатно основно училисте со капацитет за 900 ученици. ОУ „Живко Брајковски“ е со површина од 5.000 м2 за што се инвестирани 73 милиони денари. Со ова се решаваат просторните проблем кои ги имаше општината Бутел.

132786059

Во Шутка, Груевски ја пушти во употреба и новата зграда на комплетно новото средно училиште во Шуто Оризари кое е со капацитет за 400 ученици.

Нов објект од 4405 м2, со фискултурна сала, 12 училни кабинети и се што е потребно за развој и одвивање на образовниот процес. Освен тоа се промовираше и доградбата на основното училиште „26 јули“, кое доби нови дополнителни 9 училнци за 270 ученици, на два ката, инвестиција над 31 милион денари. Го посети и  изградениот објект на училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“ кое исто така доби нова доградба од два ката од 2000 м3 со капацитет од 21 нова училница и дополнителни 560 ученици.

-Секое училиште ќе понуди настава за повеќе образовни профили во рамките на здравствената струка, градежно-геодетска струка, лични услуги, угостителско-туристичка струка, економско-правна струка и трговска струка. Верувам дека многу млади луѓе ќе се пронајдат во овие струки и од клупите на ова училиште ќе произлезат многу квалитетни кадри на кои ќе се гордее цело Шуто Оризари, целата ромска популација и цела Република Македонија – истакна премиерот.

Жителите на Шуто Оризари се презадоволни оти се решава еден горлив проблем на општината со обезбедување на просторни капацитети и одлични услови за образование.

132786071

Инаку Владата досега изгради 74 нови училишта за што инвестираше над 20 милиони евра, а реконстуирани се 350 за што се инвестирани над 30 милиони евра, а наскоро се очекува да заврши и реконструкцијата на нови 50.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top