Меѓународната музичка научна манифестација „Струшка музичка есен“ од денеска, 4-ти септември до 6-ти септември ќе се одржува во Струга.
На манифестацијата музичките работници по 40-ти јубилеен пат ќе дискутираат на актуелни теми за музиката и предизвиците на новото време, но ќе се навратат и на музичката историја.
Манифестацијата која четири децении се одржува на струшкото крајбрежје, јубилејното издание ќе го посвети на себеси, односно темата на годинашното издание е „Меморија и перспективи“.
Политиката на меморирање во едно општество, според селекторот на прогрмата, Ивона Опетческа-Татарчевска, етномузиколог, етнокореолот во Управата за заштита на културното наследство, директно ги одразува актуелните политички и идеолошки интереси во него.
Меморијализацијата, истакна, е процес во кој се креира видувањето на музичката историја во Македонија, со цел да дадеме легитимитет на одредени историски настани, личности и процеси.
– Четири децении сме сведоци дека Струшка музичка есен е можност за средба и размена на различни идеи и дебати на актуелни теми, кои ја преокупираат македонската музичка јавност. Годинава обединивме трудови на 30-тина учесници од четири земји, кои ќе зборуваат за сеќавањето, наследството, моќта и релациите на сите поими со музиката, најави Опетческа-Татарчевска.
Преку годинашната тема „Меморија и перспективи“, додаде, ќе прошетаме низ сите претходни изданија на Струшката музичка есен.
Покрај од Македонија ќе учествуваат музиколози од Хрватска, Англија и Словенија. На годинашниот научен собир на музиколозите, етномузиколозите, музичките педагози, медијависти и репродуктивни музички уметници, Опетческа-Татарчевска истакна дека ќе му оддадат чест на основоположникот на манифестацијата Сотир Голабовски, но и на сите стружани кои дале придонес во музичката историја во Македонија во последните четири децении.
Ќе се одбележат и јубилеите110 години од раѓањето на Стефан Гајдов, 100 години од раѓањето на Панче Пешев, 90 години од раѓањето на Кирил Македонскии Властимир Николовски и 65 години од раѓањето на Томе Манчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



