| четврток, 6 декември 2018 |

Еве зошто треба да ги ставате секоја вечер нозете во ладна вода

noze vo lavor

Секоја вечер, кога ќе се вратите дома после напорниот работен ден, ставете во када или лавор 10-15 сантиметри потполно ладна вода.

Професор доктор Сергеј Бубновскиј познат московски специјалист за кинезитерапија, препорачува едноставен метод за зајакнување на имунтетот.

Секоја вечер кога ќе се вратите дома, после напорниот ден, ставете во лавор или вода 10-15 сантиметри потполно ладна вода. Никако не додавајте топла вода! Влезете боси во кадата и тапкајте со стапалата по ладната вода само 10-15 секунди!

После тоа излезете од кадата и избришете ги нозете со фротирна крпа и облечете волнени чорапи. Тоа правете го секоја вечер и така ќе го зајакнете имунитетот.

Ако веќе имате настинка тоа е причина плус да го зајакнете имунитетот. Во тој случај тапкајте со боси нозе по ладна вода на секои четири часа. Без страв дека ќе ја загрозите вашата состојба, напротив со ова ќе го зајакнете имунитетот, препорачува доктор Сергеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top