Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска ќе учествува на неформалниот состанок на еминистрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати.
На покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и за безбедносна политика Федерика Могерини и Министерот за надворешни рабoти на Луксембург Жан Аселборн (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ), Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на 4 и на 5 септември 2015 година, во Луксембург, ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.
Дискусиите на состанокот ќе се фокусираат на актуелната емиграциска криза, која потекнува од земјите од јужното соседство на ЕУ, како и нејзино менаџирање од страна на земјите-кандидати, кои се соочени со масовен наплив на илегални емигранти.
На маргините на состанокот, предвидено е МНР Никола Попоски да оствари билатерални средби со своите колеги од земјите-членки на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.