Македонија, Австрија, Србија и Унгарија денеска во Охрид ќе потпишат Меморандум за разбирање за преземање неопходни мерки за справување со вонредниот притисок од мигрантската криза која ги засега овие земји.
Потпис на документот ќе стават министрите за внатрешни работи на Македонија, на Австрија и на Србија, Митко Чавков, Јохана Микл-Лаитнер, Небојша Стефановиќ, како и претставникот на МВР на Унгарија, Кристина Берта.
Австриската министерка Микл-Лаитнер, пред заминувањето за Охрид најави дека ќе предложи зголемена соработка во однос на намалување на бранот мигранти низ Балканот.
На соатанокот во Охрид ќе бидат разгледани и мерки за заедничка борба против криумчирањето луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти



