| четврток, 6 декември 2018 |

Иселеник од Дебар кандидат за градоначалник во САД

Син на дебарски иселеник во САД, Зани Иметовски е кандидат на  Републиканците за градоначалник на градот Сејмоур во државата Конектикат.

Image

Зани Иметовски, според пишувањето на американскиот печат има завршено студии по правни науки – меѓународно право и покрај неговата работа во единицата на Министерството за правда во градот, исто така, е и активност во кабинетот на познатиот американски сенатор Ричард Блуметал.

1796752_878995672193979_8972744079455418434_o

Иметовски за „Макфакс“ изјави дека тој како дете на иселеник од Македонија ја сака Македонија и со задоволство доаѓа во родниот крај на неговите родители, кои во САД имаат голем угостителски бизнис.

Според локалните медиуми, Иметовски има многу добри изгледи  за победа во дуелот со неговиот противкандидат, демократот Курт Милер, кој бара трет мандат за градоначалник во градот, каде што има многу иселеници од Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top