| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд и Меркел се согласни дека е потребно е да се распоредат бегалци во земјите од ЕУ

Франција и Германија ќе направат заеднички предлози за тоа како да примат бегалци и праведно и пропорционално да го распоредат нивниот број ширум Европа, соопштија од кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд.

merkel oland

– ЕУ мора да дејствува на одлучен начин и согласно своите вредности, се вели во соопштението откако Оланд телефонски разговарал со германскиот канцелар Ангела Меркел.

– Тие луѓе со своите семејства бегаат од војна и прогон. На нив им е потребна меѓународна заштита, се вели во соопштението.

Се додава дека двете држави сакаат да одредат заеднички стандарди за јакнење на европскиот систем за азиланти како и да обезбедат враќање на илегалните имигранти во нивни држави на лотекло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top