На прашањето, дали евентуално прнајденото злато од возот би можело да ги зголеми резервите на Централната банка на Полска, Белка рече дека верува дека никој во централната банка не размислувал на таа тема, објави Ал Џезира Балкан.
Заменик полскиот министер за култура изјави минатата недела дека е речиси сигурен дека во Полска е лоциран нацистичкиот воз, кој наводно ичезнал пред крајот на Втората светска војна.
Властите во Полска пред два дена покренаа акција против ловците на богатство кои ја преплавија околината на градот Валбрзук на југозападниот дел од таа земја, каде наводно бил пронајден возот.
Откако еден Полјак и еден Германец на 20 август објавија дека го пронашле нацистичкиот воз полн со богатство – злато, бесценети камења и вредни уметнички дела кој наводно исчезнал пред крајот на Втората светска војна, тој град и околните шумовити предели се соочуваат со „златна треска“.
Како што јавуваат медиумите, луѓето со детектори за метал ја преплавиле областа.
Гувернерот на провинцијата Томас Смоларц рече дека во понеделникот полицијата се обидувала да ги сопре и побара од војската да го испита теренот.
Според наводите на официјалните лица, претходниот извештај за наогалиштето покажаа дека таму се наоѓаат само стари делови од метали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



