Премиерот Никола Груевски денес изврши увид во градежните активности за реконструкција и изградба на повеќе улици во општина Ѓорче Петров. Заедно со него на терен беа и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалниците на Град Скопје и на Општина Ѓорче Петров, Коце Трајановски и Сокол Митровски.
Реконструкцијата на улиците е дел од проектот „ 16 новоизградени и реконструирани улици во Општина Ѓорче Петров “. Средствата во висина од 1,3 милиони евра се обезбедени од Светска банка, а работите кои треба да завршат до крајот на годинава ги изведува АД „Карпош“ – Скопје.
Со сегашните градежни работи освен што се нанесува нов асфалт, се заменува и канализациската и водоводната инсталација, а ќе бидат изградени и тротоари.
Досега се завршени улиците „Браќа Галеви“, „Злате Михајловски“, „Ибе Паликуќа“, кракот 7 на улицата „ Ѓорче Петров “ и улицата „70“ во Волково, а на останатите улици во тек се градежни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


