| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски се сретна со граѓаните на Хром, Волково и Ново Село

Премиерот Груевски денеска изврши надзор на изградбата на улици во општина Ѓорче Петров, населба Хром, кои се дел од проектот за реконструкција на 16 улици. Овој проект се одвива со помош на Владата и за реконструкцијата се инвестираат 13 милиони евра. До сега се завршени шест улици.

Премиерот Никола Груевски, оствари и средба со граѓаните на населба Хром.

Во директна комуникација со премиерот, жителите на Волково и Ново Село ги претставија своите проблеми, а на лице место беа договорени и решенија за истите.

gruevski5

Во Волково жителите го посочија проблемот поврзан со потребата од изградба на канализационен систем, а премиерот Груевски ги информираше жителите дека за овој проблем ќе се разговара на следната седница на Владата. Груевски побара од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во соработка со градоначалникот Сокол Митревски да ги разгледаат сите можности за изнаоѓање на средства за отпочнување за вакви проекти, не само за Волково туку и за другите населени места. Истовремено на средбите беше договорено да биде изграден и крак од фекална канализација и да бидат асфалтирани неколку улици во Волково.

На средбите со жителите од Ново Село, премиерот беше информиран за повеќе проблеми со кои се соочуваат жителите. Беа посочени проблеми за изградба на тротоари, а беше договорено да се пристапи кон решавање на ова барање на жителите.

Граѓаните побараа и надградба на училишниот објект, за што премиерот Груевски ги информираше дека овој проект ќе се реализира наредната година,а  во меѓувреме побара од заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски и од градоначалникот Митревски до крајот на оваа година да се заврши со овој проект.

Жителите на Ново Село изразија благодарност за посетата од страна на премиерот и можноста за директни средби со него, на која исто така ја искажаа потребата од изградба на неколку улици.

По однос на ова барање на граѓаните, на средбата беше договорено една улица да се гради преку Град Скопје, а другите преку општина Ѓорче Петров.

За време на средбите повеќето граѓани од двете населени места разговараа со премиерот за повеќе проблеми и истакнаа дека ова е пример за тоа како се работи во интерес на решавање на проблемите на граѓаните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top