Таткото на тригодишното дете чија фотографија како лежи мртво на плажата во Бодрум, Турција го обиколи светот, вели дека единствено што посакува сега е да лежи во гроб со своите деца.
Абдула Курди, кој во морето ги изгуби двата сина и сопругата го опишал моментот кога сфатил дека неговото семејство се удавило во водата, пренесува „Скај њуз“.
Тој рече дека бил принуден да ја преземе контролата на чамецот откако капетанот скокнал во паника во морето кога имало премногу високи бранови.
– Влеговме во морето и за неколку минути капетанот забележа дека брановите беа многу високи и како што се обидуваше да го управуваа чамецот и да ја преземе контролата, бевме погодени од силен бран. Тој во паника се фрли во морето и избега. Јас го презедов управувањето на чамецот, но брановите беа толку високи што потона веднаш. Ги зедов мојата сопруга и моите деца во моите раце и сфатив дека се мртви – рече тој.
– Моите деца беа најубавите децата во светот. Прекрасни. Тие ме будеа секое утро да си играм со нив и сега, ги немам и двете. Сега се што сакам е да лежам во гроб во близина на мојата сопруга и децата – рече таткото за „Скај њуз“.
Фотографијата на Ајлан Курди го истакна во прв план прашањето за тоа како очајните мигранти ги ризикуваат своите животи за да се обидат да стигнат до Европа.
Курди објасни дека чамецот бил преполн, на него се наоѓале 13 луѓе. Тој со двете деца и неговата сопруга сакале да стигнат до Канада и да се пријават со статус на бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст





