| четврток, 6 декември 2018 |

Средното училиште во Сарај ќе биде отворено до крајот на годината

Премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска ја посетија општина Сарај. Тие извршија увид во градежните работи на новото средно училиште во Сарај, што го финанасира Владата преку Министерството за образование и наука.

koce trajanovski

Работите се одвиваат добро, согласно динамиката што била предвидена. Во ова училиште ќе се инвестираат околу 670 илјади евра, за негова изградба, истакна премиерот, појаснувајќи дека Сарај нема средно училиште, а средношколците од оваа општина одат во други, како во Бутел или други пооддалечни општини.

Училиштето ќе има капацитет за 350 ученици во една смена или вкупно 700. Во најголем дел тука ќе учат учениците од оваа општина, како и од соседните. Според најавите, ќе биде завршено до крајот на октомври, а по хортикултурното уредување и со патеката, до крајот на годината ќе се пушти во употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top