Остатоците од авионот, пронајдени на крајот од јули на островот Реунион во Индискиот Oкеан, му припаѓаат со сигурност на Боингот 777 на Малезија Ерлајнс кој сообраќаше на релацијата Кула Лумпур – Пекинг.
Ова денеска го потврди Јавното обвинителство од Париз, во соопштението до медиумите.
Остатокот на делот од крилото беше пронјаден на 29 јули 2015 година на плажата на островот Реунион, но деталната потрага не донесе до нови откритија.
Авионот Бониг 777, со 239 патници и членови на екипажот, беше изгубен на радарските екрани на 8 март 2014, откако необјасниво излезе од предвидената маршута.
Се до откривањето на делот од крилата, истрагата тапкаше во место. Денешната потврда од француските власти, само става крај на неизвесноста за судбината на авионот, но не одговара за причините поради кои авионот се урнал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



