| четврток, 6 декември 2018 |

Полска не прифаќа автоматски квоти за емигрантите

полска

Европската унија мора да им помогне на луѓето кои бегаат од војна и Полска е подготвена да разговара за својата улога во тоа, но не сака да прифати автоматски квоти, изјави денеска премиерката Ева Копач.

– Одлуката која нема да земе предвид дадени можности на државата може да се покажат како целосно контрапродуктивни. Затоа се противиме на какви било автоматски квоти, но сме подготвени да разговараме за нивото на нашето ангажирање врз доброволна основа- изјави Ковач.

Таа додаде дека државата не избегнува одговорност и цврсто поддржуваат европска солидарност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top