| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кисела Вода досега легализирани 4.063 дивоградби

legal

Во Општина Кисела Вода денеска се издадени 50 решенија за легализација на дивоизградени објекти.

Од досега поднесените 11.879 барања за легализација во Општина Кисела Вода легализирани се 4.063 дивоградби.

– Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат моментно изнесува 3.117. Исто така, изработени се уште 103 урбанистички согласности, од кои за 87 се чека уплата на надоместот, за постапката за изработување решенија за легализација на објектите да може да се продолжи – соопшти Општина Кисела Вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top