Дваесет и четири години државност и предизвици
Можевме ли подобро во овие 24 години независност? Можеше ли да имаме подобар стандард и плати барем од Албанија, Косово или Бугарија, кои од 1945 година до 1990 година секогаш кон Македонија гледале како кон Америка? Можеше ли да се случи да бидеме дел од НАТО и од ЕУ? Можевме ли да имаме едноцифрен број на невработеност? Многу прашања, малку конкретни и јасни одговори, кои можат да ја објаснат суштината на прашањата што нѐ мачат со години и кои ќе нѐ мачат сѐ додека науката или политичката и економската практика не ги даде причините зошто сме таму каде што сме.
Бојкотот опасна лекција за сите
По петнаесет месеци земање плата, опозициските пратеници се довлечкаа на работа во Собранието. Колку и да смета некој дека проблемот е завршен, а глупоста заборавена, мора да има предвид дека преседанот на СДСМ сериозно е на пат да стане практика невидена и најстрого осудувана во демократскиот свет. На првиот работен ден, пратениците од опозицијата, прво што направија, упатија закана дека за две недели може повторно да го продолжат бојкотот. Сега имаат нов услов, ново барање, нова уцена… Опасноста не е само во можноста бојкотот да стане алатка на Заев и компанија за предизвикување штета на државата додека им е ќеф (и никој да не им може ништо), туку и во самиот факт дека утре истото може да го направи која било друга парламентарна партија која ќе има лидер од калибарот на „црпнатиот од Муртино“. А тогаш, барањата може да бидат многу поопасни не само за демократијата, туку и за опстанокот на државата.
СДСМ бара легализација на нелегалното прислушување
Раководството на СДСМ и соросовите платеници глумат шокираност по одлуката на Основниот суд Скопје 1 да ги отфрли како неосновани докази нелегално прислушуваните разговори кои како „бомби“, противзаконски, лидерот на СДСМ Зоран Заев ѝ ги презентираше на целата јавност.
Во обид по којзнае кој пат да ја изманипулираат јавноста, одлуката на судот ја користат како алиби за девалвирање и непочитување на договорот од Пржино, со надеж дека ќе успеат да се извлечат од претстојните избори во април следната година. Освен што како папагали во секоја реченица повторуваат „скандал“, „скандал“, никој од нив не објаснува на кој закон ја темелат реакцијата и што е скандалозно? Дали СДСМ очекуваше од судот да го легализира нелегалното прислушување? Или можеби прифаќањето на нелегално снимените телефонски разговори што ги поседува Заев треба да бидат исклучок во судската практика во Македонија? Нелегално прислушувани разговори не можат да бидат доказ во ниту еден суд во светот.
Вистинскиот безбедносен проблем се повратниците од боиштата, а не бегалците
Сметам дека Македонија не е директно загрозена од бегалците. Поголем се повратниците од боиштата во Сирија и во Ирак. Ова е клучно прашање на кое треба да му се обрне внимание, предупредува универзитетскиот професор Ненад Танески. Професорот, доктор по науки за безбедност, вели дека Македонија треба будно да ги следи активностите на државите-членки на Европската унија што сѐ преземаат во насока на намалување на негативните ефекти од бегалската криза, но и смета дека треба итно да се подготват прописи што ќе го регулираат движењето на емигрантите низ нашата територија, нивната здравствена состојба, заштита на луѓето што се во контакт со бегалците…
Наслови кои ќе останат
За „Република“, Денот на независноста има уште едно дополнително значење. Пред цели три години, нов неделник се појави на пазарот и веднаш се наметна на македонскиот медиумски простор како суштински извор на анализи и на предвидувања. „Невозможна мисија“ е да се издвојат текстови што ја одбележаа третата година на „Република“ без да се даде контекстот што го преживеа Македонија во својата 24. година од независноста
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст