Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Љубинко Друловиќ на денешната прес-конференција пред патувањето за Луксембург ја информираше јавноста дека веќе го знае составот со кој ќе истрча в сабота во рамките од квалификациите за Европското првенство.
– Очекувам од тие што ќе ги одберам да одиграат максимално ангажирано на натпреварот против Луксембург. Веќе во глава ми е составот што не значи дека неможе да претрпи измени. Треба да бидеме во офанзивата и концетрирани во одбраната – изјави Љубинко Друловиќ.
– Дали во нападот ќе биде Мирко Ивановски или некој друг, очекувам конечно да проработи нападот и без проблеми да се содаваат шанси пред противничкиот гол. Луксембург е еден сериозен предизвик, селекција која никако ниту смееме ниту сакаме да ја потцениме. Се надеваме на позитивен резултат – додаде Друловиќ.
На успех се надева и самиот Мирко Ивановски кој смета дека мора да се одигра квалитетно како колектив за да се дојде до победа.
– Офанзивната линија во тимот е подготвена. Исто како и сите останати, верувам. Фудбалот е тимска игра. Треба да одиграме сите на едно квалитетно ниво, па тогаш успехот сигурно нема да изостане – рече Ивановски.
Селекторот на крајот се осврна и на проблемот кој настана со Владимир Димитровски. Тој истакна дека Димитровски се појавил денеска во хотелот.
– Димитровски утрово дојде во хотелот кај репрезентацијата , се извини на соиграчите и на стручниот штаб како и на раководните лица на федерацијата, па сега за него ќе одлучува дисциплинската комисија на ФФМ – истакна Друловиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во живо прес конференција на Христијан Мицкоски
-
Џабе работи, џабе не седи: Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден
-
Разликата од реалната и продажната вредност на фирмата на Анѓушев би можела да биде надомест за името на државата
-
Луксембург и извлече реми на Франција, Белгија се пласираше на СП