Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска предупреди да не се дозволи поделба меѓу Истокот и Западот во Европската унија, по прашањето за распоредување на бегалците.
Изјавата, Туск ја направи непосредно пред средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан, чијашто земја стана транзитен центар за емигрантите.
– Извинете за поедноставувањето, но има нешто како поделба меѓу Истокот и Западот во ЕУ- изјави Туск пред претставниците на земјите од ЕУ.
– Некои држави мислат само како да го задржат емиграцискиот бран, за што стана симбол затворањето на Унгарија, додека други сакаат повеќе солидарност, залагајќи се за задолжителни квоти за распределба на бегалци меѓу 28 земји-членки на ЕУ – изјави претседателот на Европскиот совет.
– Клучен предизвик е да се најдат општи, но амбициозни стандарди – изјави Туск, додавајќи дека зборовите повеќе не се доволни и дека се потребни дела, пренесува ДПА.
ЕУ очекува над половина милион илегални емигранти да влезат на внатрешните граници на ЕУ годинава, истакна Туск.
Главната железеничка станица во Будимпешта утринава повторни ги отвори вратите, но патувањата за Западна Европа остануваат блокирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.