Поројни дождови и топење на снегот во Хрватска изминатите неколку дена предизвика големи поплави во кои се погодени голем број куќи и други објекти, најмногу во областа на Загреб, Вараждин и Сисак.
Во областа на Загреб, каде дождот премина во снежни врнежи, поради поплавите сообраќајот во некои делови е прекинат, а дојде и до лизгање на земјиштето. Поради водата, одроните на земја и урнатите дрва, службите за итна помош примија околу 500 повици од граѓаните.
Жителите на деловите погодени од поплавите се сместени во прифатни центри или кај пријатели и роднини, додека некои од нив останаа во своите домови на сопствена одговорност.
На подрачјето на Вараждин се поплавени над 40-тина домови, додека реката Купа им се заканува на викенд населбите кон Сисак. Водениот бран мина низ Загреб и Карловац, и сега поголема опасност се заканува на Сисак, каде во следните денови ќе се спроведат итни мерки за заштита од поплавите.
Затворени се и голем број патни правци, сообраќајот се одвива отежнато, а сите пожарникарски екипи се на терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.