| четврток, 6 декември 2018 |

УНИЦЕФ постави два шатори за бегалци во Гевгелија

сатор

Со помош на УНИЦЕФ во прифатниот камп за бегалци во Гевгелија се подигнаа два шатори со површина од по 72 метри квадратни за згрижување деца, кои заедно со нивните мајки достигнуваат една третина од вкупниот број мигранти кои дневно транзитираат низ нашата земја.

Шаторите можат да опслужуваат 50 деца истовремено. Опремени се со цртанки, играчки и едукативен материјал за деца за кои се грижат и со нив си играат стручни лица.

Претставниците на УНИЦЕФ информираа дека покрај ова во прифатниот камп во Гевгелија испраќаат балони со по 30.000 литри вода за да им обезбеди на мигрантите чиста вода за пиење која во моментов е ограничена само на флаширана вода. Водата од балоните може да се користи и за миење додека се комплетира водоснабдителниот систем со објектите за миење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top